Вести Македонија

Ратификувани протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО

Со аплауз и во прусуство на дипломатскиот кор во земјава, македонските пратеници во име на Македонија, како полноправна членка на НАТО, за првпат гласа за прием на други земји во северноатлантската Алијанса. Со одлуката на македонското Собрание, Шведска и Финска се на чекор поблиску до полноправно членство во НАТО.

Македонија е 18-та земја-членка на НАТО која ги ратификуваше протоколите на Шведка и Финска за пристапување во Алијансата, кои официјалнотот барање за прием во Алијансата го поднесоа на 18 мај.

За приемот на Шведка и Финска, за чии протоколи за пристапување се гласаше одделно, од присутните 105 пратеници во пленарната собраниска сала „за“ гласаа 103 пратеници, „против“ беа само двајцата пратеници од партијата „Левица“. Ниту еден пратеник не побара збор во расправат за предлог-законот за ратификацијата на протоколите на Шведка и Финска за прием во НАТО.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе