Вести Македонија

Македонските нови амбасадори ќе ги претстават платформите пред надворешна собраниска Комисија

Новите амбасадори на Северна Македонија во странство денеска треба да ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика, која вчера попладне закажа седница за оваа точка.

Пред членовите на Комисијата предвидено е своите тези за дипломатските активности да ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во САД Зоран Попов, новиот амбасадор во Канада Агрон Буџаку, амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Норвешка Дритон Куќи, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

Амбасадорот во САД Попов тезите ќе ги брани зад затворени врати бидејќи материјалите по таа точка се со назнака строго доверливо и ќе бидат присутни само пратеници со безбедносни сертификати.

МНР во петокот информираше дека во рамки на заокружување на процедурата за упатување на неколку нови амбасадори на Северна Македонија во странство, до Собранието се упатени вкупно пет барања за закажување на седница на Комисијата за надворешна политика за презентација на согледувањата на амбасадорите за односите со државите на приемот.

Конкретно, барањата се пратени со следната динамика: Агрон Буџаку во Канада, со седиште во Отава (22.03.2022), Евгенија Илиева, Република Словачка, со седиште во Братислава (07.04.2022), Методија Белевски, Кралство Белгија, со седиште во Брисел (01.07.2022), Дритон Кучи, Кралство Норвешка, со седиште во Осло (01.07.2022), Зоран Попов, САД, со седиште во Вашингтон (21.07.2022), сооопшти МНР во петокот.

МНР информира и дека за тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа за нив ќе биде пратена во скоро време, за Виктор Димовски – Франција со седиште во Париз, Агнеза Руси – Бугарија со седиште во Софија, и Јован Манасијевски – Турција, со седиште во Анкара.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе