Вести Македонија

Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана добија станови

Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои се корисници на станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска се стекнаа со сопственост на нивниот имот. Договорите за откуп и сопственост на станови од поранешниот фонд на ЈНА им ги врачија министрите за одбрана и за транспорт и врски, Славјанка Петровска и Благој Бочварски.

Само пред една година беа соопштени постапките и условите за поднесување на потребните документи согласно законското решение предложено и изработено од министерствата за одбрана и за транспорт и врски и усвоено од Собранието, а денеска е решено дводецениското прашање и повеќегодишната неизвесност на четириесетина семејства. Во тек е решавање на станбеното прашање за уште 14-тина семејства од истиот фонд кои заради подолгите административни процедури и обезбедување на соодветна документација се уште не се решени. Министерката за одбрана Петровска даде уверување дека многу набрзо и тие ќе бидат решени позитивно.

Нагласи дека на оние припадници на Армијата кои немале можност да добијат стан од овој Фонд, Министерството за одбрана  им исплаќа месечен станбен надоместок од 9.000 денари затоа што, како што рече, секој припадник на Армијата е подеднакво важен.

-Денеска за сите овие лица неизвесноста што траеше со децении и децении наназад станува вистинска можност да си ги откупат становите и конечно да го решат станбеното прашање. Се работи за Закон којшто е донесен во Собранието во 2021 година, а се однесува на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата или поранешни вработени да може да ги откупат становите доделени од поранешната ЈНА, станови кои им биле доделени на користење на овие лица без претходно да може да се стекнат со право на сопственост, рече Бочварски.

-Продажната цена на станот е утврдена врз основа на градежната вредност, трошоците за утврдување на градежното земјиште, местоположба, амортизација на станот, цената ја утврдува АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, рече Бочварски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе