Вести Македонија

Во Тирана денес и утре ќе има владина делегација во работна посета

За работните групи во рамките на Отворен Балкан во Тирана отиде македонска Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ќе имаат интензивни работни средба за детална координација со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.

Освен вицепремиерот Битиќи, во владината делегација се и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, заменик-министерот за финансии Филип Николоски, заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини, националните координатори за Отворен Балкан Марјан Забрчанец и за регионална соработка Нола Исмајлоска, директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и советниците и раководители на сектори.

 

На средбите ќе се дефинира и начинот за отстранување на работни дозволи како и за начинот на активирање на идентификациски број на граѓаните на Отворен Балкан.

 

Заклучоците од средбата ќе бидат презентирани во јавноста на крајот на работните средби на прес конференција во вторник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе