Вести Македонија

Струга нема стратегија за развој на туризмот

Туризмот во Струга е оставен во агонија, неорганизиран, без визија, правилник за регулирање на услугите, со неквалификувани работници и без стандардизација, обвини денеска на прес-конференција Алијанса на Aлбанците (AA).

Претседателот струшкиот огранок Лулзим Насуфи, на секторот за туризам, при Општина Струга му понуди бесплатно стратегија од 10 точки за, како што рече, ред во сверата на туризмот и создавање подобри услови за современ начин на водење бизнис и на придобивки од туризмот.

– Можеме да констатираме дека туризмот во Струга, иако во развиениот свет се зема како гранка на индустријата за развој и вработување и влијае на БДП на една земја, е оставен во агонија, на милост и на самоорганизирање на бизнисмените од овој сектор, значи неорганизиран, без визија, без правилник за регулирање на услугите, со неквалификувани работници и без стандардизација на стандардните односи, рече Насуфи.

Забележа дека не постои план за менаџирање и уредување на бреговите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим и оти се узурпирани.

– За жал претворени се во територии каде важи принципот „ФШФ- Фати што ќе фатиш“, бидејќи компетентните органи на општината ја префрлаат одговорноста на централно ниво, а тие пак ја префрлаат назад на општинско ниво. Не постои план за менаџирање и уредување на езерскиот брег, плажите и корисните површини за граѓаните и туристите, со што се создава благопријатна клима за узурпација на просторот околу брегот, забележа Насуфи.

Според него, недостига информативен и пропаганден материјал за промоција на природните, културните, историските и националните богатства, но и оти промоцијата на саемите е нецелосна. Во однос на хигиената, рече дела се чисти само централното градско подрачје, но не и дивите депонии на влезот од градот и периферијата, дека не се почитува правилникот за градење во летната сезона, како и на недостиг од туристички, традиционални, културни, младински, спортски атракции во градот.

Како еден од проблемите со кои се соочува туристичка Струга ги посочи и кучињата скитници, питачењето, паркингот, јавното осветлување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски: Отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеа, извесно е дека партијата ќе оди во опозиција

Дејан Дејан

Изет Меџити : Секој глас е важен

Дејан Дејан

Секоја партија за тоа како настапи на овие избори треба да одговара пред себе и граѓаните, СДСМ за тивкиот бојкот на Албанските гласачи на претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе