Вести Македонија Топ вести

Бетонирана шахта – причина за синоќешните поплави во Кочани, сметаат граѓаните

Поплавени дуќани, подруми на куќи, ресторани, но и фабрички хали. Паднати дрва од кои настардаа и неколку автомоболи, ова се последиците од невремето, со пороен дожд што синоќа го зафати Кочани. Цела ноќ и утринава се санираа штетите, се чистат наносите од кал и отпад, се испумпува водата. Граѓаните сметаат дека причина за поплавите е бетонирање на една од шахтите.

Најголемите штети има на улицата Иво Лола Рибар, објектите околу девотелетката Кирил и Методиј и во Трговскиот центар. Во санирањето на штетите на пожарникарите и на комуналното претпријатие им помогнаа и штипските пожарникари, а проблемите со електричната инсталација го решаваа екипи на ЕВН.

Општина Кочани веќе објави и повик до граѓаните и компаниите најдоцна до 1 август да пријават до Комисијата за проценка на штети.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе