Вести Македонија Топ вести

Факти.бг обвинува дека Бугарија не успеала да ги заштити своите национални интереси во спорот со Македонија

Францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на Македонија е „мачка во вреќа“ и единствено што доби Бугарија е вклучување на Бугарите во Уставот на земјата пред почетокот на преговорите, а не непосредно пред нивното финале како што сакаше Скопје, пишува бугарскиот портал Факти.бг во коментар посветен на преговорите на Македонија со ЕУ.

Авторот аналзиира дека Бугарија не успеала да го заштити нејзиниот став за македонскиот јазик, нема гаранции за спроведување на нивните барања, особено за спроведување на Догворот за добрососедство и пријателство од 2017 година.

Како тогаш можеме да претпоставиме дека тоа е добро за нас? Фактите се дека во моментов нема информации како изгледаат едностраните декларации предвидени во предлогот за јазикот и билатералниот протокол поврзан со спроведувањето на Договорот. Недостасува и патоказот и акцискиот план на Скопје, а тие допрва ќе бидат јавно презентирани. Де факто овој предлог е „мачка во вреќа“ и само крајно неодговорните национал-нихилисти можат да тврдат дека е добар и да апелираат за негово усвојување, се вели во анализата на порталот.

Според порталот, чиста манипулација на властите во Софија е тврдењето дека со „францускиот предлог“ се заштитени бугарските интереси „со преседанот меѓудржавните билатерални односи да бидат вклучени во европска рамка за преговарачки процес“.

Вистината е дека нашите интереси воопшто не се заштитени во целост, бидејќи нема експлицитно вклучување на сите барања од протоколот 4+1, туку само на две од нив – за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и за ограничување на говорот  на омраза и дискриминација (без прецизирање). Проблемот со одбивањето на Скопје да ја објективизира историјата и да престане со фалсификатите, менување на учебниците и таблите и рехабилитацијата на жртвите на комунизмот не се експлицитно споменати, заклучува порталот. 

Според порталот не се точни ниту тврдењата на бугарските власти дека „пристапните преговори може да бидат прекинати во секој момент, доколку се утврди неисполнување на договорот“, затоа што како што наведува авторот, Бугарија теоретски може да стави вето на секое поглавје од прегворите, но, сепак повеќето поглавја немаат никаква врска со бугарските барања. „Но, нема да можеме да бараме ништо конкретно или суштинско во текот на преговорите ако нашите барања не се експлицитно вклучени во преговарачката рамка“, заклучува авторот во коментарот со наслов „До кога ќе правиме зделки со националните интереси“ објвен во бугарскиот портал „Факти.бг“.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе