Вести Македонија Топ вести

Струшки затвор со Камчев и Мијалков – Дискриминација меѓу оние што украле многу и оние со ситни кражби

Осомничените за милионските проневери во предметот „Империја“, градат нова империја во струшкиот затвор. После Мијалков за кого се разбра вчера, денеска во скопскиот кривичен суд и Тодор Мирчески кој призна вина пријавил дека има охридска адреса за да издржува затворска казна во струшкиот затвор, единствен затвор од отворен тип во државата за вакви казни за жители на крајезерскиот регион.

Бившиот директор на тајната полиција УБК, Сашо Мијалков поднел барање за охридска лична карта истиот ден кога обвинителството извести за спогодбата со која призна вина, доби три години затвор и мора да плати околу 36 милиони евра во имот и пари. МВР дури денеска официјално потврди дека Мијалков станал Охриѓанец иако Телма уште на 11-ти јули бараше информации за истото, но од МВР молчеа.

На ден 08.07.2022 година до Одделението за управни работи Охрид лицето С.М.(56) од Скопје поднесе барање за лична карта со приложување на потребната документација за промена на живеалиште од Скопје за Охрид. По добиеното барање, истото е проследено до полициската станица од општа надлежност Охрид за вршење на проверки, а по извршените проверки, донесено е решение за пријавување на живеалиште во Охрид, кое му е врачено на барателот, извршено е фотографирање за лична карта и истата му е издадена со адреса во Охрид, соопштија од мвр.

Од МВР не одговорија дали адресата на Мијалков е иста како имотот на плажа кај Горица кој му е одземен со спогодбата. Претходно иста преселба покрај Охридското Езеро извршија и Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ со спогодба за признание на вина за Империја. Така 4 обвинети во истиот предмет се нови Охриѓани за да издржат казна во полесен затвор од нормалните осудени граѓани со што во затворскиот систем се создава дискриминација во полза на оние што украле повеќе.

Според Аврамовски, најголем проблем е висината на казната за Империја.

Законот за извршување на санкции предвидува казните до 3 години да се издржуваат во затвор кој е најблиску до местото на живеење.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе