Вести Македонија Топ вести

По опожарувањето на возилото, Ристовски вели моите ставови пречат некому, МВР уапси осомничен

Два часа по полноќ горело возило на опзоцискиот пратеник Петар Ристески. Моите ставови пречат некому обвинува Ристески. За власта случајот е криминален чин кој надлежните треба да го расчистат за опозицијата обид за заплажување. Полицијата уапси осомничен.

Пратеникот Петар Ристески од Прилеп среде ноќ го разбудиле звуци на експлозија. Горел неговиот автомобилот Шкода кодијак на опозицискиот пратнеик а пламените јазици го зафатиле и автомобилот на неговиот татко , двата паркирани непосредно пред семејната куќа на Ристески. Вели можела да изгори и куќата но пожарникарите спречиле поголемо ширење на пожарот.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ тврди до сега немал закани проблеми и расправии со никого но и пред четири години му била запалена викендицата. И тогаш и сега се сомнева  дека мотивите за пожарите се политички.

МВР попладнево објави дека го привеле осомничениот и работат на расчистување на случајот. Обвинителството собира докази.

ЈОРМ: По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.

Власта и опозицијата и опозицијата ги судрија ставовите за позадината на опожареното возило на пратнеикот. Од вмро дпмне велат дека тоа е виден и познат метод на заплашување на власта предводена од СДСМ и прашуваат дали на овој начин ќе се обезбедува 2/3 мнозинство за промена на Уставот.

Од СДСМ го осудија криминалниот чин за кој бараат институциите да го расчистат. Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување порачаа од партијата на власт.

Елена Ивановска Муковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе