Вести Македонија Топ вести

Рекордни нови 770 случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, почина и 23-годишен пациент од Свети Николе

Нови 770 случаи на Ковид -19 се евидентирани во изминатото деноноќие од направени 2.043 тестови.  Починати се две лица од кои едното на 23-годишна возраст од Свети Николе.  Бројот на активни случаи во моментот е 3.121.

Најголем број од новите случаи се во Скопје – 364 по што следуваат Битола со 47, Охрид со 46, Куманово и Кавадарци по 38, Тетово 30, Прилеп и Велес по 26, Неготино 17, Струмица 16, Штип 15, Кочани и  Струга по 14, Ресен  13, Гостивар 12 и Гевгелија 10.

Едноцифрен број на новозаболени има во Крива Паланка  7, Радовиш и Кратово по 5, Дебар и Крушево по 4, Свети Николе и Валандово по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2 и по еден новозаболен има во Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.

Од вкупниот број нови случаи, 207 се реинфекции.

Двете починати лица во изминатите 24 часа се починати во болнички услови, а во Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид -19 од Мој термин регистрирани се уште две починати лица и тоа едното од Радовиш (73г), а другото од Крива Паланка (66г). Едното лице е починато во болнички, а другото во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 20 до 28 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата е 319.806. Бројот на оздравени пациенти е 307.342, а на починати 9.343.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе