Вести Македонија Топ вести

Пораст на родово базирано насилство во сајбер просторот

Загрижувачки пораст на родово базирано насилство во сајбер просторот врз жените и девојките, покажуваат најновите истражувања не само кај нас туку и во светски рамки. Во одредени ситуации ваквите случаи завршуваат со самоубиство, поради фактот дека жртвите на ова насилство каде  без согласност се споделуваат слики, содржини и лични податоци се чувствуваат немоќни да го спречат истото. Според истражувањето на Хелсиншкиот комитет во кое се опфатени 300 испитаници во три града 78 % биле жртви на сајбер насилство.

„И од тие 300 испитаници 11 од нив ни кажаа дека размислувале за самоубиство, бројка за која сметам дека е алармантна и треба да се реагира. И во однос на правната регулатива, затоа што во моментов ние имаме голема правна празнина, речиси и да немаме правна регулација. Имаме мала регулација во однос на тоа дека интернет насилството спаѓа во психичко насилство и тоа е како поимник во кривичното право, за сексуалното насилство е опфатено во Законот за родово базирано насилство и домашно насилство“, рече Славица Анастасовска од Хелсиншки комитет за човекови права.

Самиот факт дека немаме јасна дефиниција што е интернет насилство, кои се видовите, дополнително ја отежнува можноста навремено да се превенира. За Анастасовска загрижува и фактот дека постојат нетранспарентни компании и мобилни оператори за кои не се знае колку време и каде  ги чуваат податоците.

„Заради тоа што има повеќе форми, повеќе типологии. Напредокот во дигиталната  технологија донесе и ризик, затоа што дигиталните алатки се користат за вршење на насилство. Исто така за вовлекување во трговија со луѓе онлајн итн.“, изјави Елена Петровска од Коалиција Маргини.

Наместо социјалните мрежи да се развиваат во една демократска средина, безбедна за корисниците на интернет, тие сведочат за говор на омраза и родово насилство, каде самонцензурата не може да биде решение. Дури и активистиките и оние кои работат на заштита на правата на жените се мета на вакви сајбер напади.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе