Вести Македонија Топ вести

Неколку часа затворен Плетвар поради одрон и голем порој

По деветчасовен застој поради одрон и поплава, расчистен е патот Росoмaн-Прилеп преку Плетвар. Сообраќајот е нормализаран после 15 часот попладнево, откако целосно беше забранет од утрово во 6 часот. На расчистување работеше градежната фирма која го гради новиот пат Градско-Прилеп.  Жителите од Битола, Прилеп и соседните општини кои патуваа преку оваа делница, во текот на денот споделуваа видеа и фотографии, а битолчани се револтирани што Плетвар е опасен за возење и во зима и во лето, патот е лош, а застоите и долгите колони се речиси секојдневие.

Плетвар е многу тежок и во зима и во лето, кривини многу, пропаднат е кај Росоман од тешки возила, како да возиш по канали. Како отсечени сме, никој не ставил рака да го направи тој пат, ни изјавија граѓани.

По обилните врнежи екипите на Македонија пат денеска ги расчистуваа одроните на повеќе патни правци Штип-Неготино, Виница-Берово, на патот за Крива Паланка, а посериозна е состојбата на патот  Дебар-Маврово, каде повторно се отвори кратер.

Кај Дебар се отвора дупка во коловозот во неколку наврати. Иако е санирана повеќепати, во случај на поголеми врнежи дупката  повторно се отвора, но се работи на нејзино обезбедување и полнење со материјал до изнаоѓање соодветно решение, вели Ацевски.

Од Ценатрот за управување со кризи велат дека обилните врнежи од дожд, покрај одрони на патиштата, предизвикаа и поплави во куќите во повеќе села и градови и на земјоделското земјиште. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најмногу воден талог во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, Крушево, Дебар, Демир Капија, Скопје, а метеоролозите предупредуваат на нови локлани интензивни врнежи и појава на свлечишта и одрони.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе