Вести Македонија

Уништени 900 хектари лозови и рано-градинарски насади во невремето во Неготинско

Родот на земја, а стеблата останале голи без лисја по налетот на силниот град. Лозарите од неготинско годинава ќе останат без грозје.

Штетите се големи по синоќешното невреме. Според нивна проценка штетите  се движат од 40 до 100 посто.

Штети од невремето има и на овошните насади и градинарските производи . Оваа нива е засадена со патлиџани, но од нив нема ништо.

Стеблото е забиено во земјава, останал само системот капка по капка. Регионот преживува од лозарство, а лозарите велат дека дел од насадите им се осигурани, но поголемиот дел не.

Најголеми штети од невремето што синоќа  го зафати неготинско има во месностите ,,Калдрма”, ,,Скрка”, ,,Бутче”, ,,Црно поле”.

Од Општина Неготино велат дека земјоделците секогаш ја имаат поддршката, ќе излезат на терен, со цел да се утврди во кои месности има штети на насадите. Лозарите бараат прогласување на елементарна непогода во неготинско.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе