Вести Македонија Топ вести

Мицкоски контра судската конфискација на Белата палата

-Нека навредуваат, а Вие ако се вртите, како што рекол еден голем човек, на секое куче што Ве лае нема да стигнете на целта.

Вака опозицискиот лидер се осврна на како што ги нарече дејствата на спотери и полуги на власта кои го навредуваат лично него и партијата, како и за судските пресуди кои според него служат за да ја дефокусираат јавноста од економската криза во Македонија.

Негова цел е да успее да ја урне од власт коалицијата на СДСМ и ДУИ со предвремени избори. Конфискацијата на белата палата преку процесот Талир 2, Мицкоски ја оцени како противзаконски напад врз партијата која не била ниту обвинета во истиот предмет.

На прашањето дека кривичното законодавство предвидува одземање на се што е имотна корист од криминал и кривично дело- Мицкоски оцени дека тоа не е докажано. Делот на партијата е криминален, а на Бетон не е, се прашува тој како е можно.

Партијата подготвува жалба на Апелација, а своите аргументи Мицкоски ги нареди во 10 точки со кои смета дека станува збор за политички, а не за судски случај и дека судот не ги зел во предвид околностите кои одат во корист на партијата. Пред протестот наредната сабота, Мицкоски оцени дека власта преку блиски луѓе и институции лично го навредува како и партијата затоа што нема еконосмки резултати и си го топи рејтингот.

За доскорешниот коалиционен партнер Стевче Јакимовски од Гром вели нека му е со среќа и нека се размавне сам во опозиција. Не одговори директно на прозивките на Јакимовски за притисоци и закани за дозволи за згради наводно дојдени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ниту пак одговори на навредите од градоначалникот на Карпош.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратениците од СДСМ и ДУИ побегнале како кукаквици од вчерашната анкетна комисија за права на граѓаните за да не расправаат за жртвите во трагедиите со тетовската модуларна болница и автобусот на Беса транс.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе