Вести Македонија Топ вести

Џафери: Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат

Ако некој мисли дека собраниската служба треба работното време да го помине на ул. Македонија, наместо на работното место, тогаш граѓаните немаат потреба од таква служба, вели спикерот Џафери откако беше снимен како им се обраќа со погрдни зборови на собраниските службеници. Во однос на снимките од собранискиот канал, Џафери вели – нема објаснување. Не чувствува потреба да се извини.

„Ако некој мисли дека ќе ја пуштам службата да не работи, се лаже. Имаат осум часа работно време и толку треба да се на работното место”, кажа Џафери на брифингот.

Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата, тврди Џафери.

Вработените направиле грешка затоа што на претседателот на Собранието му доставиле погрешни материјали и ќе се оцени дали ќе се поведе дисциплинска постапка против нив, но ова не е лов на вештерки, смета спикерот.

Службениците треба соодветно да ги исполнуваат своите обврски, а ако некој и понатаму продолжи да прави такви грешки, соодветно ќе се постапи во иднина, дециден е Џафери.

За Џафери е покрената соодветна процедура во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и материјалот е процесуиран, па тој засега одбива да коментира дали има основ за негова суспензија.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да води сметка за тоа што тие направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс на Собранието”, вели Џафери.

Потенцира дека со Деловник за работа се пропишани надлежностите, а службата треба да создава услови за непречено одвивање на седниците, затоа што Собранието има создадено услови за соодветно работење на службата. Лани се набавени 100 компјутери за нив, за да имаат предуслови за работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе