Uncategorized

Предметите на СЈО пред колапс

На најголемите и први предмети на поранешното СЈО им се заканува нов почеток. До ваков исход доведе одлуката за разрешување на судијата Горан Бошевски но сега е неизвесно и пензинирањето на еден поротник од кривичен суд.

Ако разрешувањето на Бошевски добие правосилност нов почеток ќе имаат Траекторија талир и ТНТ. Се чека и одлука дали ќе се пензионира поротникот Митко Сандев кој е во Титаник топлик талир и тендери, по што и тие ке треба да почнат од почеток.

Проблем е што во нив нема заменски поротници и судии.

Во меѓувреме Судскиот совет му врати одговор на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев каде се водат овие предмети.

Тој бараше мислење дали поротникот да се пензионира со оглед на неусогласеноста на законите.

Во еден се вели дека поротник се пензионира со навршени 60 години, а во друг се вел идека сепак мандатот му трае 4 години. Претседателката на судски совет вели дека Џолев е тој кој треба да пресече што ќе прави со поротникот, а тие само да констатираат.

Ова вчера му го испратиле со писмен допис. Од судот велат не го добиле.  Адвокатите на обвинетите во предметите пак инсистираат поротникот да се пензионира.

Опасноста која сега ја посочуваат познавачите е од можно застарување. Таков е примерот во Титаник каде веке застаре едно од делата за кои се гони највисокото поранешно раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Таму се преслушани илјадници телефонски разговори и испитани повеке од 150 сведоци што ке треба да се повтори ако се врати на старт.

Од судскиот совет велат дека сега до министерството за правда  ќе иницираат прецизирање на законот за да се избегнат  вакви ситуации.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе