Вести Временска прогноза

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно. Од претпладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максималната од 15 до 23°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Попова Шапка, 8 Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 10 Крива Паланка, 11 Претор, Берово, 12 Охрид, Прилеп, Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, Тетово, Дебар, Штип, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Куманово, Велес, 14 Гевгелија, Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

23 Дебар, 21 Охрид, 16 Крушево, 15 Маврови Анови, 13 Лазарополе, 9 Пожаране, 8 Претор, 7 Куманово, 6 Кавадарци, Тетово, 5 Скопје-Петровец, Велес, Попова Шапка, 3 Битола, Демир Капија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, во останатите места  <1л/м².

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе