Македонија Топ вести

Повреда при раѓање му ја парализирала раката на малиот Михаил, за лекувањето потребни 15.000 евра

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за синот Михаил. Со дијагноза – парализа на левата рака и по денови поминати со болнички третмани, добиваат надеж од клиника во Белград, соседна Србија, но за целокупното лекување и за престојот потребни им се 15.000 евра, кои не можат самите да ги обезбедат.

До пред 7 месеци, Михаил добивал терапија во Заводот за физикална медицина во Козле, која само му помогнала да не му атрофира раката, но не и да почне да му работи. За лекувањето во Србија се обратиле за помош до Фондот за здравствено осигурување, но добиле негативен одговор.

Како млад брачен пар, Ристоски не очекувале вакво нешто. Помислиле дека можат да се изборат со оваа неволја, но не било така лесно.

Семејството бара помош од хумани граѓани. Секој кој сака, во рамките на своите можности, да донира средства за лекувањето на малиот Михаил, за да може да се врати нормалната функција на неговата рака.

Жиро сметка

240197107964904 Уни Банка 

на име Мирослав Ристоски 

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе