Вести Македонија Топ вести

Наставата без учебници со скрипти продолжува- нов Совет при МОН ќе ја решава кризата

Наставата без учебници продолжува. Нов Совет при МОН ќе ја решава кризата. Повеќе од 20 дена интернет страница во “АУТ“, знаењето се црпи од фотокопирани скрипти, а во некои училишта и нив ги нема.  Продолжуваат ветувањата ,а календарсктие рокови одново пробиени.  Надлежниот министер Јетон Шаќири не успеа да обезбеди учебници за учениците за неколку одделнија а куси останаа и првооделенците. Плановите на министерството  за образование се промениле заради новата концепција, која МОН ја најави па повлече под притисок на јавноста и родителите.

Шаќири предлага, педагошката комисија, бирото за развој на образованието и МОН да седнат на иста маса. Ќе се викаат Совет кој ќе треба да го реши проблемот со учебниците и во основно и во средно образование, зашто сите работи не зависат од Министерството.

Наставните програми за 1 и 4 одделние се со проверена, одобрена содржина и испечатан ии доставени. На амин кај надлежните остануваат трето, петто и содржинтие за средношколците.  За да се вклучат печатарските машини, повеќе од три фирми водат натпревар кој да го добие милионскиот тендер кај Бирото за развој на образованието. Избрана е фирмата, но тече рокот за жалби. И Тетовската „Арберија дисигн“  која доцнеше со испорака на свидетелствата одново е во трка за печатање на учебниците.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе