Наставата без учебници продолжува. Нов Совет при МОН ќе ја решава кризата. Повеќе од 20 дена интернет страница во “АУТ“, знаењето се црпи од фотокопирани скрипти, а во некои училишта и нив ги нема. Продолжуваат ветувањата ,а календарсктие рокови одново пробиени. Надлежниот министер Јетон Шаќири не успеа да обезбеди учебници за учениците за неколку одделнија а куси останаа и првооделенците. Плановите на министерството за образование се промениле заради новата концепција, која МОН ја најави па повлече под притисок на јавноста и родителите.
Шаќири предлага, педагошката комисија, бирото за развој на образованието и МОН да седнат на иста маса. Ќе се викаат Совет кој ќе треба да го реши проблемот со учебниците и во основно и во средно образование, зашто сите работи не зависат од Министерството.
Наставните програми за 1 и 4 одделние се со проверена, одобрена содржина и испечатан ии доставени. На амин кај надлежните остануваат трето, петто и содржинтие за средношколците. За да се вклучат печатарските машини, повеќе од три фирми водат натпревар кој да го добие милионскиот тендер кај Бирото за развој на образованието. Избрана е фирмата, но тече рокот за жалби. И Тетовската „Арберија дисигн“ која доцнеше со испорака на свидетелствата одново е во трка за печатање на учебниците.
Павле Беловски