Вести Македонија

Осум месеци затвор за кавадарчанецот кој ја загрозил сигурноста на градоначалникот Јанчев

Казна затвор доби кавадарчанецот З.Б., кој ја загрозил сигурноста на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Основен суд Кавадарци известува дека денеска, 22.09.2022 година, по одржаната главна јавна и усна расправа по Кривичниот предмет К.бр.191/22 кон обвинетиот З.Б. од Кавадарци за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од КЗ, судот донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 8 месеци, се вели во известувањето.

Основното јавно обвинителство  Кавадарци претходно оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик. Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Според обвинителството, осомниченото лице претходно било осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. Обвинителството на 22 август соопшти дека по предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определил мерка куќен притвор во траење од осум дена на оосомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе