Вести Македонија Топ вести

Русковска пишува аргументи против дисциплинската постапка, засега нема кандидати за нејзиното место во организиран

Досегашната шефица Вилма Русковска заминува, сегашниот привремен раководител Трајче Пеливанов не открива дали ќе кандидира, а дел од останатите обвинители ги одвраќа дисциплинската против Русковска. Тивка е трката за шеф на одделението за борба против корупција и организиран криминал, позиција која Русковска ја испразни. Нејзината заменичка, обвинителакта Ивана Трајчева останува посветена на предметите и нема да влезе во трката.

Во некои други околности може и ќе размислував на таа тема, но во овој момент не размислувам, кусо одговори Трајчева прашана дали ќе се бори за шеф на обвинителството.

Коментарите кои кружат во обвинителските кругови се дека никој не сака да се нафати на оваа позиција бидејќи ова одделение не се засили со кадар, и стручни соработници ниту, пак, ја доби финансиската инјекција за сериозна борба против највисокиот криминал. Дополнително на удар се најде и досегашната шефица која доби решение за оддалечување од позицијата и во процедура за дисциплинската против неа.

Русковска, се уште го чека исходот дали ќе го добие мнозинстовото гласови во советот на јавни обвинители и да биде избрана во републичкото обвинителство. Процедурата за избор на двајца обвинители за застапување на предметите пред Врховниот суд треба да се заврши наредната седмица.

Кандидите за шеф на организиран ќе можат да се пријавуваат од среда натаму. За прв пат обвинителите само ќе избираат шеф во ова одделние, но со оглед дека над 50 од вкупно 169 се дел од скопкото обвинителство останува прашањето дали ова најдоминантно крило ќе кандидира обвинител. Сегашниот шеф, Гаврил Бубевски негира дека ќе влезе во трката за наследник на Русковска.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе