Вести Македонија Топ вести

Остри реакции во јавноста по одлуката на Арсовска да ги асфалтира пешачките патеки во паркот

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов, извршиле денеска увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во дел од градскиот парк.

Преку социјалните мрежи тие се пофалија дека со реконструкцијата се опфатени над 12 000 квадратни метри а ќе се продолжи и со реконструирање на сите пешачки површини во паркот.

Според Арсовска, од вкупната површина 7 500 квадратни метри се пешачки патеки кои се покриени со ризла и ќе бидат асфалтирани а 5000 квадратни метри пешачки патеки кои биле со големи оштетување ќе бидат санирани со нова асфалтна маса.

Токму ова асфалтирање на пешачките патеки предизвика низа бурни реакции кај граѓаните на социјалните мрежи.

Се укажува дека овие патеки досега не биле асфалтирани од ниту еден скопски градоначалник, затоа што станува збор за природна околина, асфалтот бргу се загрева и создава поголема топлина и е материјал кој се избегнува за поплочување на паркови.

Од Кабинетот на градоначалничката се правдаат дека ги асфалтираат земјените патеки на барање на граѓаните кои наводно се жалеле дека немаат услови за движење на колички , точаци и многу прашина се кревало.

Преку Фејсбук реагираше и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој оцени дека во таканаречениот турски дел од паркот ( кој е подигнат на почетокот на 20-тиот век) постоеле земјени пешачки патеки, останати како традиција и стоеле така повеќе од 100 години.

„Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус!“ – напиша на Фејсбук, Шилегов.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе