Вести Македонија Топ вести

Еден загинат во вооружен напад во чајџилница во Чаир

Во престрелка во Чаир доцна вечер во понеделник, еден е загинат, а уште двајца се ранети. Станува збор за вооружен напад врз жртвите кои седеле во чајџилница во близина на основно училиште.

Од МВР без многу детали го потврдија инцидентот.

-Вечерва во СВР Скопје е пријавено пукање од огнено оружје во чајџилница на ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што, според пријавеното се повредени три лица, а едно од нив починало од повредите. Полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.

Во тек е увид на лице место.

ТВ Шења објави дека загинатиот е близок роднина на Камер Идризи кој лани исто за време на рамазанските пости беше жртва на оружен напад во Чаир. Претходно за Камер Идризи беше објавено дека бил цел на оружен напад заедно со уште 4ца во хотелот Александар Палас преклани кога беше инволвиран и полицаец во инцидентот.

Убиството на Камер Идризи се уште не е расветлено, а првичните информации беа дека убиството е резултат на пресметка меѓу две криминални групи во Скопје.

По ликвидацијата на на Камер Идризи, МВР се уште нема осомничени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе