Македонија Најважни

По ликвидацијата на Камер Идризи, МВР се уште нема осомничени

МВР засега официјално без информација за осомничени лица или за евентуалниот мотив за ликвидацијата на 43 годишниот скопјанец Камер Идризи, вчера, во скопската населба Бутел.

Оттаму само со куса  информација дека инцидентот се случил во 21.30 часот на паркинг во населбата Бутел каде Идризи бил во автомобил „голф“ сопственост на 24 годишно момче за кое се претпоставува дека е негов близок роднина.

Според информациите на „Телма“ напаѓачите вооружени со автоматски пушки биле во две возила кои застанале до паркираниот голф. Тие се приближиле до паркираниот автомобил и од непосредна близина отвориле оган. Испукани се голем број на куршуми а Идризи починал на самото место. 24 годишното момче со неколку прострелни рани е префрлено во болницата „8 септември“ во критична состојба.

Идризи се поврзува со неколку инциденти и престрелки кои се случија изминатиот период во Скопје а последен од нив е престрелката во хотелот „Александар палас“ каде беше пукано врз неколку лица од скопски Грчец меѓу кои беше и Идризи. Претходно тој неколку пати беше во судир со криминалната група „Беланоца“ од скопско Арачиново.

Од фотографиите постирани на неговиот профил на сосцијалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека тој бил близок со градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе