Вести Македонија Топ вести

Пертусисот не попушта, 44 ново заболени, на хартија епидемијата намалена за 10% во однос на минатата недела

Иако во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје од 5-ти до 11-ти април се регистрирани 44 нови случаи на голема кашлица, сепак оваа бројка е за 10 проценти помала во однос на претходниот седумдневен период кога имаше 50 заболени.

Од новите 44 заболени, 2 лица се хоспитализирани.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје (n=37), а пријавени се случаи и во Битола (n=4) и по еден случај во Куманово, Кратово и Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 75 години, а најголем број на случаи се од возрасната група 10-14 години, се наведува во извештајот на ИЈЗ за периодот од 5 до 11 април

Заклучно со 11-ти април во Македонија се регистрирани 443 случаи на голема кашлица.

Најмногу има во Скопје – 355.  Од заболените, хоспитализирани се 60 лица, а најголем дел деца до 4 години. Од вкупниот број заразени 263 или речиси 60 проценти не биле вакцинирани или не се комплетно вакцинирани.

По препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, од 18-ти јануари  започна интензивното пребарување на невакцинираните деца, со што кај оние кои е пропуштена вакцината и оние според редовниот календар за имунизација, од 18-ти јануари до 11-ти април годинава, дадени се над 39 илјади дози на вакцина која содржи компонента против голема кашлица.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе