Вести Свет Топ вести

Фон Крамон до косовските власти – повлечете ги специјалците и седнете да разговарате

Специјалната известувачка за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон ги повика властите во Приштина да ги повлечат специјалците од северот на земјата и да седнат на преговарачка маса.

Спордд неа, ситуацијата на Косово е единствено можно да се реши преку дијалог и на конструктивен начин и додаде оти владата во Приштина презема голем ризик со потезите.

„Дали ова е облик на „добро“ управување што го сакаме? – Наместо тоа, би требале да имаме повеќе мерки за градење на доверба. Внатрешниот дијалог во Косово е единствен излез од оваа ситуација. Ги повикуваме косовските власти да размислат за преземање на мерки за градење на доверба. Како на пример, повлекување на специјалните полициски сили од северот и седнување на преговарачка маса“, порача Фон Крамон.

Таа најави оти наскоро ќе го посети Косово поради презентација на Извештајот на европскиот парламент за земјата. Фон Крамон упати честитки до Косово за визната либерализација и трудот на властите во Приштина што е вложен во борбата против организиран криминал и корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе