Вести Македонија Топ вести

Законите за поддршка на изградбата на коридорите 8 и 10д добија зелено светло во комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања ја заврши работата и ги поддржа сите пет закони од пакетот – поддршка за изградба на коридорите 8 и 10д.

Во Законот за утврдување јавен интерес и стратешки партнер, опозицијата изрази сомневање дека може да се прават бројни злоупотреби со ослободувањето на приватна компанија од царина, акцизи и ДДВ при увозот на возила и енергенси.

Министерот Фатмир Бесими вели дека тоа е востановен принцип.

Тврди дека никој нема да биде ослободен од придонеси или од данок на личен доход и на добивка, но ќе има ослободување од таканаречените индиректни даноци.

На пленарна седница се разгледува четвртиот закон – за експропријација.

За опозицијата, сомнително е што ќе важи за неизвесен број легални и нелегални објекти на недефинирана траса на коридорите.

Власта уверува дека ќе има исплата според даночното решение за имот.

Сите пет закони се по предлог на Владата по скратена постапка и со европско знаменце. Ќе бидат гласани по исцрпувањето на расправата за целиот пакет.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе