Вести Свет Топ вести

Дарја Трепова обвинета за тероризам

Руските обвинители денеска и официјално ја обвинија 26-годишната Дарја Трепова за терористичко злосторство поради убиството на рускиот воен блогер, Владлен Татарски во експлозија на бомба во кафе-бар во Санкт Петербург.

Татарски, кој беше приврзаник на руската воена кампања во Украина и чие вистинско име е Максим Фомин, беше убиен во неделата при експлозија на бомба во кафе-бар во кој требаше да говори.

Истржниот комитет, кој се фокусира на тешки злосторства, соопшти оти Трепова се товари за „терористички акт на организирана група кој предизвикал намерна смрт“. Притоа е соопштено дека таа делувала по инструкции на луѓе кои работеле во име на Украина.

Трепова е префрлена од Санкт Петербург во Москва, каде попладнево се очекува да ѝ биде одреден истражен затвор.

Во експлозија во кафуле во Санкт Петербург убиен познат руски воен блогер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе