Вести Свет Топ вести

(Видео) 36 повредени луѓе во страотен верижен судир на 5 камиони и 37 автомобили во Унгарија

Најмалку 36 луѓе се повредени, а еден човек се бори за живот по верижен судар кој се случи попладнето меѓу 40 автомобили и камиони на автопатот околу 25 километри западно од Будимпешта, во Унгарија.

20-тина возила целосно изгореле. На лице место се упатиле бројни пожарникари, полицајци и екипи на итната медицинска помош.

Според унгарските медиуми пристигнале десет возила на итна помош и три хеликоптери.

Полицијата тврди дека несреќата се случила околу 14 часот и 25 минути, а во неа учествувале пет камиони и 37 автомобили.

Од 40 тината повредени, 13 луѓе имаат тешки телесни повреди.

Се претпоставува дека причина за сударот е силниот ветар кој носел облаци прашина и ја отежнувал видливоста на патот. Автопатот еМ-1 е затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат на споредните патишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе