Вести Македонија Топ вести

Бислимовски: ЈП „Водовод и канализација“ лаже дека не барале поскапување на цената на водата

ЈП „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, тврди дека лани на 11 ноември претпријатието доставило барање за утврдување на тарифа за водна услуга потпишано од тогашниот в. д. директор Марјан Митовски.

„Еве ги барањата кои ги доставија до нас за нови тарифи за водоснабдување, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води. Ние одлуката на подготвителната седница ја донесовме врз база на овие барања. Ако не сакаат да поскапи водата како што велат сега, нека ги повлечат барањата. Ама бидејќи не знаат што сакаат и лажат, ние конечна одлука нема да донесеме“, вели Бислимоски.

Претходно, од скопски водовод испратија реакција, која според претријатието е демант. Велат дека не е точно дека цената на водата ќе поскапи. Но, потврдуваат дека испратиле известување за зголемени трошоци на претријатието по основ на електрична енергија.

Во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година, се вели во реакцијата. И додаваат дека поскапување на водата нема да има.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе