Вести Македонија Топ вести

Затвореник избегал од Ортопедија во штипската болница со штраф во колкот

Затвореник од Затвор-Штип утринава во 1.30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница во Штип. Бегството на 48-годишниот осуденик го потврдуваат директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров и портпаролката на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

„Станува збор за 48-годишен пациент на кого требало денеска да му се извади шраф од колкот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздух, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот“, вели Шуманска.

Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник,а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеца. За двајцата затворски службеници кои требале да го чуваат во болницата ќе биде покрената дисциплинска постапка и најверојатно ќе бидат суспендирани се до решавањето на дисциплинската постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе