Вести Македонија Топ вести

МНР ги осуди непримерните квалификации во декларацијата на Советот на општина Благоевград за македонскиот народ

Министерството за надворешни работи ги осуди денеска непримерните квалификации во содржината на декларацијата на Советот на општина Благоевград кои се однесуваат на македонскиот народ.

„Очигледно е дека ваквите декларација се во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите на двете земји, и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување“ – се вели во реакцијата на МНР.

При тоа, од министерството потенцираат дека интерес на двете држави и нивните граѓани е унапредување на добрососедските односи и при тоа се охрабруваат локалните власти, но и другите здруженија и групации, посебно да се фокусираат кон активностите кои создаваат пријателство, меѓу-гранична соработка и економска, културна и туристичка размена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе