Вести Македонија Топ вести

Нуредини во „Топ тема“: Формирање на државен фонд кој би се полнел од еколошки даноци и такси

Еколошки фонд или фонд за животна средина кој ќе се полни преку еколошките такси и даноци што ги плаќаат граѓаните и компаниите, но и преку изречените казни за загадување на животната средина, комунални прекршоци, дивоградби, дива сеча и прекршоци со кои се уништува животната средина. За тоа водам борба секоја година во буџетот, без разлика дали е пандемија, криза за храна, војна во Украина или енергетска криза, најави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Парите од еколошкиот фонд би биле наменети исклучиво за инвестирање во обновливи извори на енергија и напуштање на класичните методи на производство на струја и загревање на домовите“, истакна Нуредини.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини и Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ на иста линија – фондот мора што побрзо да се формира, а паритеод наплата на еколошки такси казни и даноци, наместо во буџетот да се трансферираат во тој фонд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе