Вести Македонија Топ вести

Врзани потписи, но и одврзани раце за самоволие, еден потпишува, друг не – нови тензии меѓу организацискиот и медицинскиот директор на Токсикологија

Продолжуваат несогласувањата на релација медицински и организациски директор на Токсикологија. Бесија Иљази одбила да го потпише записникот, затоа што тврди дека наводите на Данил Петровски не се совпаѓаат со наредбите на државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) – 11-те вработени со истечен договор да им се забрани влез на Клиниката за Токсикологија. Иако не го потпиша, Иљази тврди дека ќе ја почитува одлуката.

„Записникот од Државен санитарен и здравствен инспекторат со бр.09-115 од 05.04.2024 со инспекциска мерка Опомена, не е потпишан од организацискиот директор, поради што медицинскиот директор доставил до организацискиот директор предмет известување со бр. 03-162/1 од 26.04.2024, за потпишување на записникот, а точките кои ги навел во известувањето не се совпаѓаат со записникот на државен санитарен и здравствен инспекторат“, вели Бесија Иљази, организациска директорка на клиниката за токсикологија, за Телма.

Данил Петровски, пак, вели дека доставил известување да се постапи според решението на инспекторатот и тврди дека насоките биле идентични со решението на инспекторатот.

„Оваа контрола беше со цел да се види дали е спроведено решението од ДСЗИ. Се утврди дека медицинскиот директор постапил според одредбите од инспекторатот, а организацискиот директор даде приговор кон медицинскиот директор што нема основа“, вели Данил Петровски, медицински директор на клиниката за токсикологија, за Телма.

Петровски тврди дека 11-те вработени од петокот не доаѓаат на работа. Ова следува откако ДСЗИ влезе во клиниката за токсикологија и констатираше дека овие лица незаконски извршувале работни задачи и даде наредба да им биде забранет влезот, а доколку не се почитува ваквото решение, ќе следуваат казни.

Веднаш по контролата на инспекторатот на вонреден состанок на Управен одбор беше донесена одлука дека ќе се почитува решението. Токсикологија за само еден месец ја тресеа низа скандали, од поплави, обиди за лажирања на резултати, зголемување на долговите, како и закани за разрешувања на медицинскиот директор. Дел од вработените се пожалија и за работењето на организациската директорка. Бесија Иљази седна на директорското столче на ден пред формирање на техничката Влада, а на работа оди со преведувач.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе