Вести Свет Топ вести

Бернар Арно на врвот, Маск на трето место – листа на милијардери на Блумберг

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал.

По нив следуваат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе