Вести Свет Топ вести

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Полицијата во Висконсин застрела и уби ученик пред средно училиште, откако претходно добила пријава дека е вооружен со пиштол.

Властите соопштија дека вооружениот маж кој не влегол во училиштето бил „неутрализиран“ пред училишната зграда во Маунт Хореб.

Засега напаѓачот не е идентификуван, а полицијата соопшти дека осомничениот е малолетник.

Никој во училиштето не е повреден во инцидентот, а државниот обвинител почна тековна истрага за пукањето.

Нема информации и дали пред да биде убиен ученикот отворил оган врз полицајците.

Обвинителот Џош Каул на прес конференција информираше дека обезбедувањето на училиштето одиграло клучна улога во спречувањето вооружениот малолетник да влезе во училишната зграда.

Поради престрелката во училиштето е спроведена итна евакуација но истото е направено и во уште четири други училишта во областа Маунт Хореб, при што биле евакуирани  2.500 деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе