Вести Свет

ХДЗ веќе преговара со „Татковинско движење“ за формирање на новата хрватска влада

Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП).

Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот.

Им гарантирам дека нема да стигнат до 76 пратеници (парламентарно мнозинство), изјави Пленковиќ по состанокот на раководството на партијата во Загреб.

Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење (ДП) и дека веќе разговарале со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработувала во владата.

На прашање за соработка со ДП, партија која пред парламентарните избори остро ја критикуваше ХДЗ, Пленковиќ одговори дека „пред избори е едно, а по избори друго“.

Коментирајќи го ставот на ДП дека нема да коалицира со СДСС, партијата која освои три пратенички места резервирани за српското национално малцинство, тој одговори дека ХДЗ и ДП се само во фаза на прелиминарни разговори.

Што се однесува до нас, ќе ја продолжиме соработката со сите малцински пратеници и кога точно ќе го дефинираме ставот, ќе најдеме решение функционалноста на мнозинството и грижата за малцинствата да биде таква што сите ќе бидат задоволни, одговори Пленковиќ, јави телевизијата Н1.

Тој рече и дека „од инает ќе формира 76 (мнозинство)“.

По повод изборите за Европскиот парламент во јуни, Пленковиќ изјави дека ХДЗ денеска ќе ја достави својата листа и оти тој ќе биде носител.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе