Вести Македонија

Стојковски во „Топ тема“: Кандидатот повеќе е звучник на партијата, одошто говорник

Мислам дека голем дел од кандидатите заборавиле кои се надлежности на претседателот и ветуваат работи кои што излегуваат надвор од истите, е впечатокот на Андреја Стојковски, извршен директор на „Преспа Институт“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма по синоќешниот дуел на претседателските кандидати на националниот сервис.

„Оној дел од дебатата за надворешната политика, веројатно беше најрелевантен синоќа за позицијата претседател на државата. Таму, генерално, се најголемиот дел од овластувањата“, смета Стојковски.

Тој смета дека дипломатијата и начинот на избор на дипломатите не е единствена работа за која што треба да зборува претседателот.

„Мислам дека луѓето, граѓаните кај нас гласаат за политичка партија, без оглед кој е кандидатот и без оглед колку се обидуваат партиите и кандидатите, пред поднесување на своите кандидатури, да собираат потписи, да промовираат дека тоа е граѓанска иницијатива, итн., меѓутоа на крајот одлуката ја прават врз основа на партиската припадност на кандидатот. Така што нема да се промени многу од размислувањата. Пораките се наменети за оние кои сакаат да ги слушнат, од сите седуммина, многу имаат пораки кои не се нивни автентични, туку се подготвени за нив за да ги пренесуваат. Повеќе се звучник, одошто говорник“, истакна Стојковски кој нагласи дека станува збор за сериозна функција за која треба стабилен човек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе