Израелската војска објави снимка за која се вели дека покажува борбена акција во бегалскиот камп Нур Шамс.
Во официјалното соопштение се вели дека нивните сили убиле 10 милитанти во кампот и околните области од почетокот на рацијата претходниот ден.
Се додава и дека израелската армија и граничната полиција на земјата уапсиле осум сомнителни палестинци во областа.
Во рацијата повредени се и девет офицери и војници на израелските сили.
Според палестинското Министерство за здравство, само четворица Палестинци се убиени од израелски оган во камп од петокот.
Од таму соопштија дека палестинските тимови за итни случаи биле спречени да влезат во кампот за да ги лекуваат ранетите и да стигнат до убиените.
Се чини дека дводневната рација е една од најголемите што се случиле во бегалскиот камп во Тулкарем од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.
Најмалку 469 Палестинци од источен Ерусалим и Западниот Брег се убиени во израелски оган од октомври, се вели во статистиките на палестинското Министерство за здравство.