Вести Свет

Во Германија уапсени двајца руски шпиони

Федералните обвинители уапсија вчера двајца осомничени руски шпиони во Германија  под сомнение дека шпионирале и планирале напади врз воени цели за да ја поткопаат поддршката за Украина, пишува денеска „Еурактив“.

Двајцата мажи се осомничени дека работеле за странска разузнавачка служба во „особено тежок случај“, соопшти обвинителството. Едниот е обвинет и за планирање на напади, пред се против воена инфраструктура и индустриски капацитети во Германија.

– Нашите безбедносни власти спречија можни експлозивни напади за да ја поткопаат нашата воена помош за Украина. Ова е сериозен случај на сомнителна активност на агент на криминалниот режим на Путин, изјави за новинарите министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според обвинителството, главниот обвинет бил во контакт со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година.

Двајцата мажи, исто така, се вели дека извидувале неколку потенцијални цели, вклучително и американски бази, каде што собирале информации поврзани со нападот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

ДУИ смислија ново правило за влез во влада по секоја цена?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе