Вести Свет Топ вести

Борел: Блискиот исток е на раб на провалија, мора да закочиме и да тргнеме во рикверц

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел рече дека Блискиот исток е „на раб на провалија“ и повика на деескалација меѓу Иран и Израел.

„Ние сме на раб на провалија и мора да се оддалечиме од неа. Мора да нагазиме на кочница и да тргнеме во рикверц“, изјави Борел за шпанското радио Онсе Церо.

Тој наведе дека очекувал одговор на Израел за воздушниот напад на Иран без преседан, но и се надева дека тоа нема да доведе до натамошна ескалација.

Борел оцени дека избивање на поширока регионална војна Блискиот исток „можеби е некому во интерес“ за оневозможување на запирање на воените дејствувања во појасот Газа.

Иран во саботата лансираше стотина дронови и проектили кон Израел, како одговор на израелскиот напад на иранскиот конзулат во Дамаск во кој загинаа седум офицери на Иранската револуционерна гарда, меѓу кои и двајца високи команданти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе