Вести Свет

Конрикус: Од денеска веќе гледаме еден нов Блиски исток

Поранешниот портпарол на Израелските одбранбени сили, Џонатан Конрикус, за БиБиСи изјави дека од вечерва започнува да постои нов Блиски исток, затоа што ова е прв пат во историјата Иран од своја територија да лансира напад врз Израел.

Во интервју за британскиот јавен сервис Конрикус потврди дека Иран лансирал повеќе од 100 беспилотни летала и балистички ракети кон Израел. Запрашан колку вистински Израел е подготвен да се справи со ваков напад, Конрикус рече дека еврјската држава отсекогаш била добро во подготовките за различни сценарија, но послаба страна и е стратешкото планирање.

Мислам дека Израел е добар во планирање на воени мерки, но не се истакнуваат премногу во стратешкиот дел. Јас не очекував дека Иран ќе го направи ова, и тоа од иранска територија. Ова ќе вовлече и други држави, како САД, во овој конфликт, рече КОнрикус.

Сепак, поранешниот портпарол изрази увереност дека Тел Авив има подготвено повеќе планови за таргетирање мети во Иран. Според него тие мети повеќе од веројатно би вклучувале локации кои имаат поврзаност со вооружувањето на многуте терористички групи со кои Иран одржува врски, како Хамас, Хезболах и јеменските Хути.

Израелскиот одговор ќе зависи од штетата предизвикана во Израел, додаде конрикус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе