Вести Свет

CNN: Американците собориле неколку ирански дронови. ЕУ и Велика Британија со осуда на нападот врз Израел

Американските системи за ПВО на Блискиот исток пресретнале дел ирански беспилотни летала, според двајца американски официјални лица.

Изворите како што јави CNN не прецизираа како САД ги пресретнале беспилотните летала и каде.

Западните држави го осудуваат Иран за воздушниот напад.

Шефот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, ги осуди нападите на Иран врз Израел оквалификувајќи ги како „ескалација без преседан“.

„ЕУ силно го осудува неприфатливиот ирански напад против Израел“, напиша тој на платформата Х (поранешен Твитер)

„Ова е невидена ескалација и сериозна закана за регионалната безбедност“- наведе Борел.

Британскиот премиер Риши Сунак остро го осуди нападот на Иран врз Израел, додавајќи дека Техеран „уште еднаш покажа дека има намера да сее хаос во своето соседство“.

Британија ќе продолжи да го поддржува Израел, како и другите сојузници во регионот, вклучувајќи ги Јордан и Ирак.

„Заедно со нашите сојузници итно работиме на стабилизирање на ситуацијата и спречување на понатамошна ескалација. Никој не сака крвопролевање“, рече Сунак во соопштението објавено на платформата X.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе