Вести Свет Топ вести

Српската полиција го пребарува селото Шумраковац до Злот во потрага по Данка Илиќ

Телото на двегодишната Данка Илиќ се уште не е пронајдено, таа беше убиена на 26 март, а на 4 април беа уапсени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор. Во полиција тие го принаа злосторството, но покрај тоа Дејан Драгијевиќ  одби да каже каде е телото.

Од тој ден полицијата деноноќно ги пребарува селата кај Бор. Полицијата рано утринава дошла во Шумраковац, прво село до Злот, од каде што е осомничениот Дејан Драгијевиќ. Според надлежните од српската полиција потрагата по детето нема да престане додека не го најдат.

Вчера беше погребан 40-годишниот Далибор Драгијевиќ, братот на Дејан Драгијевиќ, на селските гробишта во Злот кај Бор. Тој починал во притвор како последица на срцев удар, а обвинет е и за соучесништво во убиството на малата Данка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе