Вести Македонија Топ вести

Османи: Балансерот стави ред и кај Македонците и кај Албанците, барањето за негово тргнување е чиста албанофобија

Балансерот е најдоброто нешто што ни се случило. Барањето да се тргне балансерот е чиста албанофобија и обид да се одмазди еднаквоста која се постигнува во државата, истакна Бујар Османи, претседателски кандидат на ДУИ, во вечерашното интервју на ТВ Телма.

„Балансерот е еден од суштинските инструменти на Рамковниот договор, бидејќи уставот вели дека демографската реалност треба да се претстави во јавните институции. Процесот на интегрирање на Албанците во институциите требаше да се одвива со процесот на Македонците во текот на 75 години. Албанците беа исклучени од тој процес. Во 2002 година беа само 0,2 проценти во државните и јавните институции. И ние, процес што требаше да трае 75 години, го компензиравме за 25 години“, нагласи Османи.

Тој е согласен дека имало одредени девијации кога тоа требало да се компензира.

„Но, само ако ги поврзете тие девијации на една фреквенција, добивате една конспиративна теорија дека тоа е лошо направено. Како министер за здравство, се сеќавам, отворив конкурс за 72-ца доктори Албанци. Беше за 300, ама според поделбата беше за 72-ца. Во тоа време не можев да најдам 72-ца доктори. Сите што беа на листа се вработија. Ниту можвме да гледаме кои се партиски, ниту можевме да гледаме некакво рангирање, бидејќи системот немаше создадено. Немаше универзитети, немаше средни училишта. Ги вработивме, тие доктори добија шанса и денеска се едни од најдобрите доктори на клиниките. Тоа е најрасистичко, најмизогонистичко, стереотип, однапред да кажете, на пример, ако се Роми на тој конкурс, тие ќе влијаат на квалитетот. Како само Македонците да доведуваат до квалитет, а другите имаат некоја помала вредност“, рече Османи.

Немаше балансер до 2012, до 2013 година, затоа што немаше политичка волја, смета Османи.

„Таму каде што имаше директор или министер Македонец, правичната застапеност остана на нула. Таму каде што имаше Албанец, се претеруваше. Такво беше општеството, сè уште несозреано за инклузивност. И балансерот воведе ред на двете страни. И Македонците ги задолжи да бидат правични и на Албанците им даде некакви параметри да бидат правични“, потенцира Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе