Вести Македонија

ВИДЕО: Оџата во Арачиново доби мерцедес за подарок за Рамазан

(Фотографија од видео) На видео кое на социјални мрежи го објави тетовасот се гледа како се врачуваат клучевите од подарок бел мерцедес.

Наведено е дека станува збор за оџа од Арачиново кој луксузното возило го добил како подарок за верската служба во една од џамиите во селото.

Откако ќе го добие подарокот, оџата се заблагодарува на присутните кои му аплаудираат. Рамазан Бајрам е тридневен верски празник кој почна вчера и е посветен на месецот на светата книга Куранот. По традиција, муслимаските верници за овој празник помагаат на сиромашни и на сирачиња поради што во ФБ постот коментарите се дека ваква постапка на подарување мерцедес не соодвествува со потребите на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе