Вести Македонија Топ вести

Славеник кој тоне во долгови – Македонски железници одбележуваат 151 година од основањето

Железници на Република Северна Македонија денеска одбележуваат 151 година од основањето, односно кога на 9 април 1873 е пуштена македонската делница на транс-балканската линија Виена-Солун.

Железничкиот систем продолжува да тоне во долгови. Според извештајот на Министерството за финансии, железничките компании се најголеми државни должници во државата..

Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 4 милијарди денари, односно скоро 65 милиони евра. Државната компанија за железнички превоз има уште 600 милиони денари, односно скоро 10 милиони евра недоспеани обврски, покажува извештајот на министерството за финансии.

Втор најголем должник е Македонски железнички инфраструктура, со долг од 2,5 милијарди денари, односно 41 милиони евра. Уште два милиони евра се недоспеани.

Македонска железница Транспорт во изминатата година го намалиле долгот, а МЖ Инфраструктура го зголемиле.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе