Вести Македонија Топ вести

Опозицијата го обвинува Османи дека криел документ со кој 25 членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши?!

Повлекување од претседателската трка и забрана за извршување на јавна функција, бара опозицијата од кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, кого го обвинуваат дека работи спротивно на интересите на своите сограѓани.

Антонио Милошоски на својот фејсбук профил сподели документ од италијанското МВР, од кој се гледа дека, Италија уште на 23 февруари ја известила својата гранична полиција дека по препорака на Европската комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

Оваа одлука не ја прифатиле само Грција и Франција, (неофицијалнo известување до ЕК), пишува Милошоски. МВР на Италија во дописот напоменува дека одлуката е донесена заради заштита на правото на слободата на движењето, а за периодот после крајот на септември граничната полиција дополнително ќе добие инструкции како да постапува, но Османи ова го премолчел.

Многу некоректна беше постапката на министерот Османи кој ја криеше оваа информација за одлуката на 25 членки на ЕУ, која и тогаш и денес е многу важна за слободното движење на стотици илјади македонски државјани кои престојуваат во ЕУ, нашиша османи.

Врв на оваа негрижа беше тоа што на 6 февруари амбасадорот Весел Мемеди направи скандал со доставување на официјална дипломатска нота до италијанските власти во која патните исправи на кои пишува „Република Македонија“ ги прогласи за неважечки.

Одговорност за штетата нанесена на граѓаните со прикривањето на документот бараат и од Македонски концепт, кои сметаат дека Османи не заслужува да биде ни државен портир, а не ,пак, висок државен функционер.

Османи ги негира обвинувањата и вината за проблемот со пасошите ја префрла на МВР.

На прашањето, дали таа одредба за пасошите може да се смени, Османи вели дека тоа што можело, е сменето. Менување на таа одредба би било кршење на Преспанскиот договор и на Уставот.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе