Вести Македонија Топ вести

Ги терал своите деца да питачат, а парите ги трошел во казино – страотната тортура на таткото велешанец траела три години

Децата питачеле, а таткото ги трошел парите. Една од ваквите тажни приказни од крстосниците и широките булевари „се пресели“ во обвинителството. Оттаму откриваат дека истражуваат случај на запуштање и малтретирање на две деца од Велес. За овие две кривични дела е осомничен таткото од селото Извор, велешко, кој парите собрани од питачење ги потрошил на коцкарските апарати низ казината. Органите на прогонот стравуваат дека постои опасност осомничениот да избега или да го повори делото и според тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор.

„Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 3-ти април годинава, осомничениот татко со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ги запуштил сопствените две деца и од користољубие ги навел на питачење“, соопштија од Основно јавно обвинителство Велес.

Ова не е единствениот ваков случај во извештаите на надлежните. На улиците во сите градови со години наназад се забележуваат деца кои продаваат ситни производи, питачат, собираат стари работи од контејнерите или ги чистат стаклата од автомобилите, со што го доведуваат во опасност сопствениот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Од здружението „Градиме иднина“ кои водат битка да се стави крај на питачењето, прв апел до граѓаните им е – да не даваат пари на питачите.

„Доколку граѓаните го поддржат овој проект ние нема да имаме питачи и давање на монети. Треба да одговараат и самите граѓани со глоба од 300 до 500 евра“, вели Илија Јовановиќ, Претседателот на здружението Градиме иднина.

Јовановиќ побара од техничиот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски да го повика на средба и повеќе да се ангажира околу проектот.

Околу 1.500 до 2.000 деца секојдневно питачат во  Македонија, а околу 400 од нив се во главниот град.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе